Скопје, 02.06.2025г. – На 22-та седница одржана на 30.05.2025г., Советот на Агенцијата донесе Решение за прекинување на покренатата постапка за одземање на дозволата за радио емитување на Трговското радиодифузно друштво ЈОН-РАДИО ДОО Струга, до донесување на правосилна одлука од страна на надлежниот суд по Приговор на ТРД ЈОН-РАДИО.
Дополнително, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Средства за хигиена.