Хроника од 23-та седница

Скопје, 05.06.2025г. – На 23-та Советот на Агенцијата ги усвои Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали и за начинот на водење на Регистарот, кој ќе биде објавен во Службен весник на РСМ и на веб страницата на Агенцијата и Образецот за доставување податоци за обезбедување јавност во работењето на издавачите на онлајн медиуми – интернет портали (образец СУЕ/2), кој ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата.

Советот го разгледа Писмениот извештај за извршен редовен програмски надзор и донесе Решение на Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје да му изрече мерка јавна опомена поради прекршување на член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Констатирано е дека операторот на 02.06.2025 година реемитувал програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата.

Советот на Агенцијата даде одобрување за исплата на парична помош по основ смрт на родител на вработен во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility