Хроника од 24-та седница

Скопје, 05.06.2019г. – Врз основа на исполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско на ТРД ТВ Шења ДООЕЛ Скопје.

Поради непочитување на член 14 од Законот за медиуми, Советот на Агенцијата поднесе барање поведување на прекршочна постапка против Вториот телевизиски програмски сервис на ЈП Македонска радиотелевизија Скопје – МРТ2.

Врз основа на аргументите изнесени во писменото изјаснување на радиодифузерот, Советот на Агенцијата не го усвои предлогот за изрекување на мерка јавна опомена на ТРД Телевизија Сонце од Прилеп.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе 14 Решенија за изрекување мерка јавна опомена поради прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми на следниве радиодифузери: ТРД КЛАН Македонија од Тетово, ТРД ТВ КАНАЛ ВИС од Струмица, ТРД ТОПЕСТРАДА од Тетово, ТРД КАНАЛ-21 од Велес, ТРД ТВ ГУРРА од Кичево, ТРД КАПИТОЛ ФМ од Скопје, ТРД РАДИО 106 од Битола, ТРД БИ-КИ-АЛ од Битола, ТРД Радио ЛА КОСТА од Виница, РТД Радио КОЧАНИ, ТРД АЉБАНА ПЛУС од Куманово, ТРД РАДИО ЛАВ од Охрид, ДРД ЕКО радио од Пробиштип и ТРД ХИТ Радио од Струмица.



Accessibility

Accessibility