Скопје 31.05.2024г. – На 25-та седница, Советот на Агенцијата донесе две Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга и за телевизиско емитување на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ од Скопје. И двата радиодифузера ги платија во целост годишните надоместоци за дозвола за емитување.
Согласно констатации од Извештаи од извршени редовни административни надзори, Советот на Агенцијата донесе две Решенија за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ГАЛАКСИ-2002 ДООЕЛ Кавадарци и ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар, поради прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми, односно за недоставување податоци за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во 2023 година, остварените вкупни приходи и расходи од обезбедувањето на дејноста во 2023 година и за просечната слушаност во 2023 година.