Скопје 01.07.2024г. – На 27-та седница одржана на 01.07.2024г., согласно констатации од Извештајот од извршен програмски надзор, вонреден по службена должност, Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, поради прекршување на член 67 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неспроведување најмалку 80% од програмскиот концепт за кој што му е издадена дозволата за телевизиско емитување.
Советот на Агенцијата донесе Одлукa со која се дозволи промена во сопственичката структура на ТРД АЛСАТ-М ДОО Скопје.
Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе две Решенија за престанување на важност на Договорот за вработување за двајца вработени.
За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапка за јавна набавка на услуга: одржување и сервисирање на службени возила и одобри носење на Одлука за набавка на стока: табла од гравоглас со ласерско гравирање.