Хроника од 27-та седница

СКОПЈЕ, 29.04.2014- Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на ТВ 24 ВЕСТИ Штип, емитувана на 26 и на 27 април 2014г и на програмата на ТВ Ера Скопје, емитувана на 27 април 2014 година и одлучи да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување и тоа:

-против ТВ 24 Вести Штип, за прекршување на член 76-б став 3 од Изборниот законик, во неколку изданија на дневно – информативните емисии е емитувана изјава од носител на функција во орган на власт, со што го прекршил изборниот молк.

-Против ТВ Ера Скопје, за прекршување на член 76-б став 3 од Изборниот законик, емитуван прилог и директни обраќања и визуелни снимки од митинзи на политички партиi, со што го прекршил изборниот молк.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштвото за производство трговија и услуги ИМПЕРИЈА САТ ДООЕЛ Чашка, Потврда бр. 2 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: Канал 5, Канал 5 плус, Kopernikus, KCN Mjuzik, Svet Plus, Aljazeera Balkans, Balkanika Mjuzik, Fen TV, HRT 4 и Super RTL.

-на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, aналоген збирен пакет за градовите Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр. 1 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски канал, Канал 5, Канал 5 плус, Наша ТВ, Сител, Сител 3, ТВ Сонце, Телма, ТВ Алфа, Алсат-М, ТВ Скај Нет ,(регионално Д1), TВ Амазон (регионално Д1), ТВ БТР (регионално Д1), ТВ Едо (регионално Д1), ТВ МТМ (регионално Д1), ТВ Шутел (регионално Д1), Eра (регионално Д1), ТВ Ирис (регионално Д3), ТВ Стар (регионално Д3), ТВ Вижн – БМ (регионално Д5), ТВ Коха (регионално Д8), TВ Менада (регионално Д8), TВ Чеграни Медиа (регионално Д8), ТВ Кисс (регионално Д8), ТВ Далга – КРТ (локално – Општини Куманово, Липково и Старо Нагорчане), ТВ Нова (локално – Општини Куманово, Липково и Старо Нагорчане), ТВ Хана (локално – Општини Куманово, Липково и Старо Нагорчане), ТВ Феста (локално – Општини Куманово, Липково и Старо Нагорчане), ТВ Канал 21 (локално – Општини Велес, Чашка и Градско), ТВ Здравкин (локално – Општини Велес, Чашка и Градско), ТВ Лажани (локално – Општини Долнени, Прилеп и Кривогаштани), ТВ Супер Скај (локално – Општини Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино и Брвеница, Svet Plus, Tring Tring, Тring Max, Tring Shqip, RTV 21 plus, DM Sat, RTS-SAT, Fashion TV, Planeta, ТV 1000, Viasat Explorer, Viasat History, MTV Adria, Hayat, Tring Folk Plus, Vision Plus, RTV 21, B92 Info, Cartoon Network, Boomerang, CNN, Universal Channel, Eurosport, Eurosport 2, Kopernikus, Balkanika, RTK Sat и Kanali 7.



Accessibility

Accessibility