Хроника од 27-та седница

Скопје, 11.07.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата ги разгледа кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 април до 30 јуни 2019 година.

Врз основа на доставено Барање од страна на ТРД ЈОН-РАДИО ДООЕЛ Струга, Советот донесе Одлука за продолжување на рокот на започнување со вршење на дејноста, за радио емитување на програмски сервис.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе и едно Решенија за изрекување мерка јавна опомена на Друштвото за производство, трговија и услуги СПАЈДЕР-НЕТ увоз-извоз ДОО Гевгелија поради реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени во потврдите за регистрација издадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 141 од ЗААМУ).

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: на стока-службена облека, услуга-одржување и сервисирање на лифтови и платформа, водоинсталатерски и електричарски услуги.

Советот донесе и Одлука за одобрување на финансиски средства за обновување на 4 кориснички пристапи на електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.



Accessibility

Accessibility