Скопје 10.07.2024г. – На 28-та седница Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТДР ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица, поради неисполнување на обврските од член 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот на Агенцијата донесе Одлука за престанување на важење на Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.198/14 и 219/15).
Врз основа на Известување со Барање доставено од страна на ТРД Радио Кавадарци ДООЕЛ Кавадарци, Советот на Агенцијата донесе Одлукa со која се дозволи промена во сопственичката структура на овој радиодифузер.
На седницата Советот даде одобрување за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесното семејство на тројца вработени во Стручната служба на Агенцијата.