Скопје, 29.08.2023 – Поради неплатен годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок, Советот на Агенцијата на 28-та седница донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЛОГ ДООЕЛ Тетово.
Советот на Агенцијата согласно Извештаите од редовен надзор изрече три мерки јавна опомена и тоа: на ТРД РАДИО Про-ФМ од Гостивар за прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми, на ТРД ТВ К&М КИСС&МЕНАДА ДООЕЛ Тетово за прекршување на член 14 од Законот за медиуми и за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ. Исто така даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата на еден извршител на работно место: Возач, доставувач.
Согласно Планот за јавни набавки за 2023 година Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Истражување на компетенциите на децата за медиумска писменост.