Хроника од 3-та седница

Скопје, 30.01.2025г. – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на седница ги разгледа извештаите од редовниот и вонредните програмски надзори и донесе Решенија за изрекување мерки јавна опомена на МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар поради повеќекратно прекршување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ).

  • Прекршување на член 141 став 13 од ЗААВМУ – реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата, што претставува незаконско емитување.
  • Прекршување на член 143 став 1 од ЗААВМУ – реемитување програмски сервис со дозвола за регионално емитување на територија што не е опфатена со неговото овластување.
  • Прекршување на член 144 став 3 од ЗААВМУ – недоставување сигнал со идентична содржина како онаа што им е достапна на нејзините претплатници, што е спротивно на законските одредби.

Во согласност со Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата, операторот е задолжен веднаш по приемот на решението да го усогласи своето работење со Законот. За прекршувањето на член 144 став 3, му е доделен рок од 30 дена за усогласување.

Исто така, Советот донесе Одлука за продолжување на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Ускана Медиа ДООЕЛ Кичево за период од 24.06.2025 до 23.06.2034 година.

Дополнително, беше усвоен ребаланс на Финансискиот план за 2025 година, при што вкупните планирани расходи остануваат на истиот износ од 199.729.722 денари.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Решение за прекин на постапката по повод Известувањето за промена на сопственичката структура на ТРД Клан Македонија ДООЕЛ експорт-импорт Сарај Скопје. Постапката ќе остане во прекин додека Собранието на Република Северна Македонија не донесе автентично толкување на член 42 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој се однесува на поништување на одлуки за промена на сопственичката структура.

Покрај тоа, Советот одобри средства за овозможување пристап на Агенцијата до податоците на Интернет дистрибутивниот центар на Централниот регистар на РСМ, со цел навремено исполнување на законските обврски.



Accessibility

Accessibility