Хроника од 3-та седница

Скопје, 07.07.2025 – На денешната седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе повеќе одлуки и акти од значење за тековното работење и регулативата во областа.

Усвоено е Нацрт-упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка. За документот е отворена јавна расправа во траење од 60 дена, со цел да се обезбеди транспарентност и вклученост на сите заинтересирани страни.

Дадено е одобрување за измени и дополнувања на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, со што ќе се овозможи непречено реализирање на планираните активности.

Во согласност со новиот Правилник за безбедност на обработка на личните податоци, што се применува од 1 јули 2025 година, донесени се акти за усогласување на работењето на Агенцијата.

Дополнително, усвоен е и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување на траењето на годишниот одмор на вработените во Агенцијата, со што се уредуваат правата на вработените во согласност со актуелните законски решенија.

Со овие одлуки, Агенцијата продолжува со континуирано усогласување на внатрешните акти и планови со важечката регулатива и институционалните потреби.

 



Accessibility

Accessibility