Скопје, 17.01.2012 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа извештаите од мониторинзите на програмските сервиси: Македонско радио – Радио Скопје, Македонско радио –Радио Два , Македонско Радио – Радио Скопје (трети канал), Радио Канал 77 Доел, Штип, РАДИО АНТЕНА 5 и Радио Рос Метрополис, емитувани на 11 декември 2012 година.
-СРД на Радио Рос Метрополис му изрече писмена опомена затоа што наведените рекламни спотови не се издвоени од другите делови на програмата со акустични средства, а на другите горе споменати радиодифузери не им беа забележани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти.
-СРД ја усвои анализата на следењето на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста во периодот од 01 јули до 31 декември 2012 година.
СРД ги усвои барањата доставени од операторите на јавните комуникациски мрежи:
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.23 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Штип.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.21 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Скопје.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.20 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Свети Николе.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.19 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Велес.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.21 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Битола.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.19 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Струмица.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.16 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Кочани.
-Барање бр.11-17 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.11 на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, за град Кавадарци.
-Барање бр.11-06 од 11.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.35 на Mакедонски Телеком АД – Скопје.
-Барање бр.11-438 од 25.12.2012 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.34 на Mакедонски Телеком АД – Скопје.
-Барање бр.11-420 од 17.12.2012 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.3 на TРД – оператор на кабелска мрежа КДС-ВТ ДООЕЛ Пробиштип.
– Барање бр.11-18 од 14.01.2013 година, за дополнување на регистрираниот дигитален пакет програмски сервиси бр.38 на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за сите подружници.