Хроника од 3-та седница

Скопје, 27.01.2023г. – На 3-та седница, поради исполнување на минималните кадровски услови Советот на Агенцијата донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата на ТВ Шутел од Скопје. Исто така донесе Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД СКАЈ РАДИО ПЛУС ДООЕЛ Берово и Одлука за промена на сопственичката структура на Јон Радио од Струга.

За потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување за спроведување на три постапки за јавна набавка и тоа: Ревизорски услуги, Авионски билети и Финансиско-осигурителни услуги.

По доставено барање, согласно Законот Советот на Агенцијата даде одобрение да се донесат две oдлуки за паричен надоместок на работници за смрт на член на семејство (родител), во висина од по 15.000,00 денари.



Accessibility

Accessibility