Хроника од 30-та седница

Скопје 30.07.2024г. – На 30та седница и нејзиното прво продолжение, Советот на Агенцијата ги разгледа кварталните Извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за период од 1 април до 30 јуни 2024 година.

Врз основа на констатации од писмен извештај за извршен контролен административен надзор, Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТДР ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица, затоа што по издавањето на дозволата настанале околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста, односно поради тоа што радиодифузерот не ги исполнил минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која одобри Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на Министерството за спорт на РСМ да даде на времено користење простор од објектот Палата „Панко Брашнаров“, кој ќе се користи како канцелариски простор.



Accessibility

Accessibility