СКОПЈЕ, 26.07.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница одлучи да ги поништи одлуките за одземање на дозволите за вршење радиоидфузна дејност на ТРД КИКИ Илија ДООЕЛ од Струга и на ТРД Ќани Исаилоски РАДИО ТЕРНИПЕ (Младост), ДООЕЛ Прилеп. Овие радиодифузери го намирија долгот кон СРД за надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност. Обврска на овие радиодифузери е да ги повлечат тужбите против СРД, да ги платат судските трошоци како и трошоците на СРД за објавување на соодветните одлуки во Службен весник.
СРД ги прифати следните анализи, коишто се обврска од НПАА 2012:
– Анализата за следење на обврската на радиодифузерите за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност во периодот 1 јануари до 30 јуни 2012;
– Анализа на надзорот врз обврските на јавните комуникациски мрежи и другите активности на Секторот за спречување пиратерија и заштита на авторските и сродните права во вториот квартал на 2012 година;
Овие анализи се објавени на веб страницата на СРД, во делот „публикации“.
СРД ги разгледа извештаите од мониторинзите на националните терестријални телевизии и ги изрече следните казнени мерки и укажувања:
– ТРД Алсат-М: 2 укажувања;
– ТРД – ТВ Канал 5: 3 укажувања;
– ТРД – ТВ Сител: 1 укажување, 2 писмени опомени со објавување и 2 писмени опомени;
– ТРД – ТВ Телма: 2 укажувања, 1 писмена опомена;
Во продолжение СРД го усвои Придонесот на СРД кон Извештајот за напредокот на земјата во евроинтеграциите за периодот мај – август, 2012, потоа ја усвои Информацијата за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизија, со што констатираше дека се спроведени сите препораки на ДЗР.
СРД ги усвои и следните документи: Информацијата за учеството на Работилницата за прибирање податоци за медиумска статистика, во роганизација на УНЕСКО и Извештајот од состанокот, организиран од Комисијата за заштита од дискриминација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Точките 13, 14 и 15 беа одложени заради ажурирање на материјалите за следната седница.