Хроника од 31-та (ЈАВНА) седница

СКОПЈЕ, 24.06.2013– На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) одлучи да го измени и дополни Годишниот план за јавни набавки за 2013 година, на начин што Планот е дополнет со ставката „Исполнување на мерки од областа безбедност и здравје при работа“, додека ставката „Надградба на постоен софтвер за анализа на РА и ТВ програми“ се менува и гласи „Истражувања на родовите прашања во програмите на радиодифузерите“, а ставката „Ангажирање надворешни експерти 2 (две) лица“ се брише.

За обезбедување на потребните финансиски средства за спроведување на активностите кои произлегуваат од Националната стратегија за родова активност 2013-2020 година и за исполнување на мерките од областа безбедност и здравје при работа, СРД усвои Ребаланс на Финансискиот план на Советот за радиодифузија за 2013 година.  

По претходно добиеното Известување за престанок на емитување телевизиска програма од страна на ТРД Телевизија КРТ ДООЕЛ Скопје, Советот за радиодифузија донесе решение за престанок на важноста на дозволата бр. 07- 196 од 28.05.2013 година на ТРД Телевизија КРТ ДООЕЛ Скопје.

СРД ја усвои Информација за исполнување на обврската од член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност од страна на радиодифузерите кои емитуваат ТВ програмски сервис преку јавна комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс, со анализа на доставените договори и го заклучи следново:

–    со нов допис, да побара достава на договори за емитување од оние радиодифузери кои не доставиле такви или доставиле договори со само еден дел од операторите на јавните комуникациски мрежи кои не користат ограничен ресурс, со давање на дополнителен рок од 8 (осум) дена, и

–    Советот за радиодифузија идната недела да одржи средба со претставници од операторите на јавни комуникациски мрежи кои не користат ограничен ресурс и со телевизиските станици заради  согледувањето на сите правни, финансиски и технички проблеми во врска со применета на одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за радиодифузна дејност (Службен весник на РМ бр. 72/2013).

СРД го усвои Мислењето по повод Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права и заклучи истото да го достави до Министерството за култура на Република Македонија.



Accessibility

Accessibility