Хроника од 32-та седница

Скопје 08.08.2024г. – На 32та седница Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Радио ПРО-ФМ од Гостивар поради непостапување по Решение за преземање мерка јавна опомена и неисполнување на обврската од член 15 став 1 од Законот за медиуми.

Поради немање можност за определување на нова фреквенциска доделба, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одби Барањето од Здружението на Граѓани за Афирмација и Промоција на Мото Културата БАЈКЕРС ГАРАЖ Скопје за донесување на одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, на регионално ниво, на подрачјето на град Скопје.

Советот на Агенцијата донесе две Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери на ТДР ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица и ТРД БАЛКАН ФМ Радио ДООЕЛ Гостивар.

За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапки за јавна набавка на следниве услуги: тест за безбедност и издржливост на мрежата и интернет сајтовите на Агенцијата, Истражување – анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите и одржување денови на медиумска писменост 2024.

На седницата Советот даде одобрување за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесното семејство на вработен во Стручната служба на Агенцијата.

 



Accessibility

Accessibility