Скопје 20.08.2024г. – На 33-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар, затоа што и во дополнителниот рок не ги исполнил законските обврски и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не достави податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во 2023 година, остварените вкупни приходи и расходи од обезбедувањето на дејноста во 2023 година и просечната слушаност во 2023 година, што е спротивно на член 15 став 1 од Законот за медиуми.