Хроника од 33-та седница

Скопје, 08.08.2018 –На вчерашната седница Советот на Агенцијата покрена две постапки за одземање на дозволата за радио и телевизиско емитување на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола поради неисполнување на минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип поради неплаќање во целост на надоместокот за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

Воедно, Советот донесе Одлука со која се одобри промена на сопственичката структура на ТРД РТВ ДРИНИ ДООЕЛ Струга и Одлука за утврдување постоење на недозволена медиумска концентрација кај СУПЕР РАДИО Охрид ДООЕЛ.



Accessibility

Accessibility