Скопје, 16.10.2023 –Советот на Агенцијата на денешната 33та седница, поради сложеноста на предметот, донесе Решение за продолжување на рокот за одлучување по покрената постапка за одземање на дозвола на ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип.
Врз основа на констатации од надзор каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата донесе и Решение за изрекување на мерка за јавна опомена на ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар, поради непочитување на член 50 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на членот 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица, односно поради емитување на играни програми без да бидат означени со сигнализација за заштита на малолетните лица пред почетокот и за време на нивното емитување.
Во насока на исполнување на Планот за јавни набавки за 2023 година, Советот даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Горива за потребите на Агенцијата.
Советот на Агенцијата не го прифати доставениот Приговор бр.04-3579/2 од 06.10.2023г. кон донесена Одлука, поднесен од вработена во Стручната служба на Агенцијата.