Скопје 30.08.2024г. – Советот на Агенцијата на оваа седница донесе Одлука за поништување на Одлуката Уп1 бр.08-204 од 24.07.2024 г. за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското друштво за радиодифузија ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица, бидејќи радиодифузерот го усогласил своето работење со ЗААВМУ и Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и при тоа ги исполни и сите финансиски и други обврски кон Агенцијата.
Согласно Годишниот план за јавни набавки Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за две услуги: Фиксна телефонија и Токени. Исто така даде одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – Дезинфекција и дезинсекција, во деловните простории на Палата „Панко Брашнаров“.