Хроника од 35-та седница

Скопје 12.09.2024г. – Советот на Агенцијата на оваа седница донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.

Предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево беше повлечен од Дневниот ред поради тоа што во меѓувреме радиодифузерот го усогласил своето работење во однос на член 90 став 4 од ЗААВМУ, а во врска со член 82 став 1 алинеја 2 од ЗААВМУ.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата заклучи да изрече мерка јавна опомена на операторот КОМБО 2003 од Куманово поради реемитување на програмските сервиси „Discovery“ и „Animal Planet“ кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар

Согласно Годишниот план за јавни набавки Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка на: интернет конекција со хостирање на интернет сајтовите на Агенцијата и набавка на канцелариски материјали.



Accessibility

Accessibility