Скопје, 11.11.2015г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата одлучи да донесе заклучок Агенцијата да поведе иницијатива до законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија за автентично толкување на член 39 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во смисла на тоа:
- Дали физичките или правните лица кои се основачи односно содружници на правните лица кои се основачи односно содружници на радиодифузерите, се смета дека се основачи односно содружници на радиодифузери, и
- Дали правните лица кои вршат некоја од дејностите наведни во членот 39 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги може да се јавуваат како сопственици на удели кај радиодифузерите.
Советот донесе одлука со која даде одобрение на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за потпишување на Анекс бр.3 и Анекс бр.4, кон Договорот за градење на административниот објект „Палата Панко Брашнаров“.