Хроника од 35-та седница

Скопје, 22.08.2018 – Советот на Агенцијата на денешната седница даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за доделување финансиска помош – донација за справување со последиците од пожарите во пошироката околина на градот Атина – Република Грција, во износ од 1.000.000,00 (еден милион) денари, кои ќе се спроведат преку Црвениот крст на Република Македонија, посебен Фонд за солидарност.

Исто така донесе Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола поради исполнување на минималните кадровски услови и Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, поради извршена целосна уплата за годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување.

Согласно Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2018 година, Советот даде одобрение за започнување на четири постапки: Одржување и сервисирање на службените возила на Aгенцијата, Горива за потребите на Агенцијата, Биро за преведување и Печатарски услуги.



Accessibility

Accessibility