Скопје, 19.09.2024 год.- Советот на Агенцијата донесе Oдлука со која се одбива Писменото барање од ТРД 24 ВЕСТИ од Штип, за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно информативен општ формат или општ формат со сите три медиумски функции (информативна, образовна и забавна), на државно ниво, преку дигитален терестријален мултиплекс, од причина што со Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, се утврди дека не постои оправданост за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво за:
- Програмски сервиси од општ формат со претежно забавна функција,
- Програмски сервиси од општ формат со претежно информативна функција и
- Програмски сервиси во кој застапените видови програми ги остваруваат сите три медиумски функции.