Скопје, 30.08.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Вижн БМ-ТВ КАНАЛ ВИЗИЈА ДОО Прилеп поради неплаќање на надоместокот за дозвола за телевизиско емитување во утврдениот рок и донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ Скопје поради неисполнување на минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Воедно, Советот донесе и Решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА УСКАНА ЕДЕН ДООЕЛ Тетово.