Хроника од 37-та седница

Скопје 30.09.2024г. – Советот на Агенцијата на оваа седница донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на една дозвола за радио емитување на програмски сервис на непрофитна радиодифузна установа, на локално ниво, на подрачјето на општина Неготино, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција 91.7 МHz.

Врз основа на Известување со Барање доставено од страна на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, Советот на Агенцијата донесе Одлукa со која се дозволи промена во сопственичката структура на овој радиодифузер.

Советот на Агенцијата донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на Трговското радио дифузно друштво Телевизија Канал 8 ДООЕЛ Кочани.

Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата заклучи да изрече мерка јавна опомена на операторот А1 Македонија од Скопје поради реемитување на програмските сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за изменување на Одлуката на Советот на Агенцијата за времено користење на простор од објектот Палата „Панко Брашнаров“ и одобри директорот на Агенцијата да го потпише Договорот за уредување на заемни односи и деловно-техничка соработка со Министерството за спорт на РСМ, усогласен по забелешки на Агенцијата.

Согласно Годишниот план за јавни набавки, Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за услуга: водоинсталатерски и електричарски услуги.

 



Accessibility

Accessibility