Хроника од 38-та седница

Скопје 09.10.2024г. – Советот на Агенцијата на 38-та седница согласно заклучоците од Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозволa за радио на локално ниво, на подрачјето на општина Битола, донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на една дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Битола, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција 100.5 МHz. Исто така донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица и Водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.

Врз основа на констатации од редовниот програмски надзор, Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД РАДИО ЗОНА М-1 Скопје за прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ, а во врска со точка 4 од Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика, односно поради неемитување најмалку 30% музика на македонски јазик во периодот од 06 до 00 часот, од вкупно емитувана музика во анализираното деноноќие. Врз основа на констатации од контролен програмски надзор, Советот на Агенцијата заклучи да се покренат две прекршочни постапки и тоа против ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево поради неспроведување најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата за телевизиско емитување и против А1 Македонија поради реемитување на програмскиот сервис „Tring Sport News“ кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

Согласно Годишниот план за јавни набавки Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка на стока – електрична енергија.



Accessibility

Accessibility