СКОПЈЕ, 18.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешното продолжение на 38-та седница одлучи, на операторите на јавните комуникациски мрежи да им даде рок до 25 септември да достават валидни договори за реемитување на телевизиските програмски сервиси Best of Macedonia (BOM) и К-15 Music, склучени со правниот следбеник на компанијата UBI TV World од Австралија, која веќе не работи.
СРД ги предупредува кабелските и останатите оператори на јавни комуникациски мрежи дека во случај на недоставување договори до 25 септември годинава, од следниот ден (од 26 септември 2012) се должни да престанат со реемитување на Best of Macedonia (BOM) и K-15 Music.
Во продолжение СРД ја одржа 39-та седница на која ги разгледа мониторинзите од скопските радио станици и ги изрече следните мерки:
– Радио Буба Мара: 2 писмени опомени;
– Радио Скај: 2 писмени опомени;
– Радио Роса АБ: 1 писмена опомена;
– Спортско радио 90.3 ФМ: 1 писмена опомена;
– Спортско радио Канал 4: 1 писмена опомена;
СРД го усвои предлог – Правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем на овластените лица во СРД.