СКОПЈЕ, 20.08.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на: ТВ Д1 Делчево емитуван на 7 јули 2013 година, КЛУБ ФМ Скопје и Радио Фортуна Скопје емитувани на 23 јули 2013 година, КТВ Кавадарци емитуван на 26 јули 2013 година, ЗЛАТЕН КАНАЛ Крива Паланка, емитуван на 16 јули 2013 годинаи ТВ СИТЕЛ 2 Скопје емитуван на 31 јули 2013 година и заклучи да постапи на следниов начин:
– на ТРД Клуб ФМ ДОО Скопје му изрече две писмени опомени со барање за објавување – едната за непочитување на обврската 30% одемитуваната вокално-инструментална музика да биде на македонски јазик, втората за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства. За недозволено поттикнување продажба на производи од спонзор на програмата, Советот на радиодифузерот ќе му упати укажување;
– на ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци му изрече три писмени опомени и тоа: за несоодветен период на емитување на програма, за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час и за непочитување на периодот од 20 минути меѓу два рекламни блока во програмите, додека за емитуваното прикриено рекламирање и за изложување производи со видливо истакнато име и марка, Советот ќе му упати укажување;
– на ТРД РА Фортуна ДОО Скопје му изрече писмена опомена со барање за објавување за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства и ќе му упати укажување за недозволено поттикнување продажба, купување или изнајмување производи или услуги од спонзор на програмата;
– на ТРД Златен Канал ДООЕЛ увоз-извоз Крива Паланка му изрече писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час;
– на ТРД ТВ Сител 2 ДООЕЛ Скопје му изрече писмена опомена за непочитување на обврската 30% одемитуваната вокално-инструментална музика да биде на македонски јазик и укажување за неозначување на програмите со предупредувачка сигнализација во текот на нивното времетраење;
Во анализираниот ден не се констатирани прекршувања на програмата на ТВ Д1 Делчево.
Советот за радиодифузија заклучи да ја запре иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Универзитетското радио Студент ФМ 92,9 – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, кое по иницирањето на постапката за одземање на дозволата, а пред донесување на одлуката на Советот изврши плаќање на надоместокот.
СРД го разгледа барањето на ТРД Канал 77 ДООЕЛ Штип и со оглед на тоа што не постојат законски пречки, заклучи да издаде одобрение за промена на сопственичката структура на споменатиот радиодифузер. Воедно, Советот за радиодифузија констатираше дека е отстранета недозволената медиумска концентрација кај РА Канал 77, што беше констатирана во мај 2013 година.
Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа БТВ-НЕТ ДОО Битола ул.Прилепска бр.33 Битола, Потврда бр. 1, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, MТВ 3, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа, Наша ТВ, 24 Вести, Fox Movies, Fox Crime, Fox Life, Fox, TV 1000, Viasat History, Viasat Eksplorer, Geographic, National, 24 Kitchen, Discovery, Channel, Animal Planet, TLC, ID Investigation, Discovery, Discovery World, Science, Discovery, CNN International, Network и TCM/Cartoon.
-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 46, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Nickelodeon.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа БТВ-НЕТ ДОО Битола ул.Прилепска бр.33 Битола, Потврда бр. 2, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Тера, Орбис, Disney Channel, Fashion TV, MTV Adria d.o.o, Hayat d.o.o, RTCG, RTS, HRT 1, HRT 3, RAI UNO и PRO 7.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа ФИБЕР НЕТВОРКСИ Скопје ул.16 Македонска бригада бр.14/1-1 Скопје, Потврда бр. 1, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ, МТВ 2, Собраниски канал, Телма, Сител, Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Алфа ТВ, Наша ТВ, 24 Вести, ТВ Сонце, ТВ Едо, ТВ Крт, ТВ Амазаон, МТМ, ТВ Шутел, БТР, B 92 info, Svet plus, Kopernikus TV, Kopernikus, Mjuzik, Palma Plus, Studio B, Happy TV, Duga TV, Spektrum TV, HD Mjuzik, DM Sat, Astro TV, Top Music, SOS Kanal, Alternativna TV, Valentino TV, Atlas TV, Fen TV, Balkanika TV, Planeta, Rodina, Russia Today, Russia Today Doc, Eurosport, Eurosport 2, TV Soko, Hayat, RTRS, MTV Hits, VH 1, Comedy central, Nickelodeon, NickelodeonJR, TV 1000, Viasat Explorer, Viasat History, Viasat Nature, Rusija 24, RTR Planeta, Klasik TV, Boomerang, Cartoon Network/TCM и CNN.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа МУЛТИМЕДИА НЕТ Скопје Подружница Куманово, Потврда бр. 2, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, Klasik TV, 24 Kitchen, Soko TV, Planeta, Balkanika, Fen TV, Russia Today Doc и Russia Today.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 17 и 20, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Канал 5, ТВ Боем, ТВ Ускана, ТВ Орбис, ТВ Вижн-БМ, ТВ Тера, Балканика, Фен ТВ, Russia Today, Russia Today Doc, Russia Today HD, Russia Today Doc HD и Palma Plus.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ Л НЕТ Лабуништа, Потврда бр. 4, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:Наша ТВ, ТВ Сонце, Balkanika и Fen TV.
-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО ул.Маршал Тито бб Гевгелија, Потврда бр. 3, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:VH1, MGM, Discovery Channel, Аnimal Planet и TLC.
-на Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје ул.Прашка бб Скопје-Карпош, Потврда бр. 12, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Klasik TV, 24 Kitchen, RTS 1, RTS SAT, Universal Channel и Hustler.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа ДТУ КОМБО 2003 ДОО ул.Тане Георгиевски ББ, Куманово, Потврда бр. 2, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: КРТ, Universal, E !, FOX movies, FOX, NICK JR, 24 Kitchen, NAT GEO WILD, Fashion TV, Daring TV и MTV Adria.