Хроника од 39-та седница

Скопје 17.10.2024г. – Советот на Агенцијата на 39-та седница донесе Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на една дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово, на македонски јазик, кој ќе се емитува преку радиофреквенција 92.6 МHz и Одлука со која се одбива Писменото барање од заинтересираната страна за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово, од причина што со Студијата за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио на локално ниво на подрачјето на општина Тетово (арх.бр.03-4243/1 од 14.10.2024 г.), се утврди дека не постои оправданост за објавување јавен конкурс.

Советот на Агенцијата го усвои и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за спонзорство.

Со констатации од контролен административен надзор, Советот на Агенцијата утврди прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ и заклучи да покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд против ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, бидејќи радиодифузерот не постапил по Решението за изрекување мерка-јавна опомена, односно не ја отстранил извршената повреда на членот 51 став 1 од ЗААВМУ и не ги обезбедил информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.

Врз основа на констатации од редовен надзор, Советот на Агенцијата заклучи да изрече мерка јавна опомена на Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје поради реемитување на програмските сервиси „Sky News“, „Brazzers“, „Reality Kings“, „CNN“, и „Narodna“, кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно Годишниот план за јавни набавки Советот на Агенцијата даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка на услуга – воведување и имплементација на стандардот ISO 27001:2013 – систем за управување со безбедност на информации.



Accessibility

Accessibility