Скопје, 28.1.2026 – На 4 седница Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за емитувано платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, за време на изборната кампања за Повторените избори за градоначалник на општина Гостивар, општина Врапчиште, општина Маврово и Ростуша и општина Центар Жупа, во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година.
Воедно, донесе и Решение за бришење од регистарот на радиодифузери на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ.