Хроника од 4-та седница

Скопје, 06.02.2025 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа седница на која донесе повеќе одлуки од својата надлежност.

На 4-та седница, Советот донесе Одлука за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис – говорно-музичко радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово. Радио програмскиот сервис ќе се емитува преку радиофреквенција 92.6 MHz, определена од страна на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Дозволата е издадена со времетраење од 9 години и не може да се пренесува на друго лице.

Исто така, Советот даде одобрување за исплата на парична помош – надоместок за смрт на член на потесното семејство на работник во Агенцијата. Средствата за оваа исплата се обезбедени во рамките на Финансискиот план на Агенцијата за 2025 година.



Accessibility

Accessibility