Скопје, 23.07.2014- Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница го усвои Годишниот план за вршење програмски надзор (мониторинг), Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг) и Годишниот план за вршење административен надзор.
Советот на Агенцијата заклучи да ја запре покрената постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Хоме Радио Скопје, ТВ Калтрина Струга, Енергу Радио Струга и ДИ-ЏЕЈ Струга,со оглед на тоа што Хоме Радио Скопје и ТВ Калтрина Струга го платија надоместокот за вршење радиодифузна дејност, ДИ-ЏЕЈ Струга достави снимки од објавените податоци и со тоа ја исполни обврската од член 13 став 3 од Законот за медиуми, додека на Енергу Радио Стругавеќе му беше одземена дозволата за вршење радиодифузна дејност за прекршување на член 13 ставови 1 и 6 од Законот за медиуми.
Советот на Агенцијата го усвои Нацрт- Деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и истиот ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата со цел заинтересираните страни да можат да достават мислења и забелешки по текстот на Нацрт – Деловникот, во рок од 30 дена.
Советот на Агенцијата му даде одобрение на в. д Директорот на Агенцијата за донесување Одлука за распишување оглас за засновање работен однос и за спроведување на постапката за вработување на 1 (еден) извршител во Секретаријатот во стручната служба на Агенцијата.