Хроника од 40-та седница

СКОПЈЕ, 24.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ја усвои информацијата за динамиката за плаќање на дозволата за вршење радиодифузна дејност при што констатираше дека сателитскиот радиодифузер ТРД АБ Канал Дооел Скопје го нема платено надоместокот за дозволата. По оваа констатација  и врз основа на дописот што до СРД го испрати АБ Канал, дека повеќе не емитува програма, СРД му ја одзеде дозволата за вршење радиодифузна дејност. СРД исто така, го задолжи радиодифузерот да го плати неплатениот дел од годинешниот надоместок за дозволата, кој се однесува на периодот на работењето од 15.08.2012 до 24.09.2012.

Во однос на Барањето на ТРД Канал 77 за писмено одобрување за усогласување согласно член 11 од Законот за радиодифузната дејност, СРД констатираше дека со предложената измена нема да се исполнат условите што ги пропишува овој член од Законот

Во текот на седницата СРД ги разгледа извештаите од мониторинзите, спроведени врз сателитските радиодифузери ги изрече следните мерки и укажувања:

– ТРД 24 Вести: не се констатирани прекршувања. Бидејќи во подолг период наназад не биле констатирани прекршувања кај овој радиодифузер, СРД јавно ја пофали неговата работа;
– ТРД Алфа: 3 писмени опомени;
– ТРД Сител 3: 2 писмени опомени;
– ТРД Канал 5 Плус: 1 писмена опомена;
– ТРД ТРД Наша ТВ: 1 писмена опомена
– ТРД ТВ Сонце: 1 писмена опомена и 1 укажување.

Дополнителен мониторинг и посета за утврдување на работењето ќе биде извршена на следните радиодифузери: ТРД Еко-проект Доол експорт-импорт Крива Паланака, ТРД Енергу Радио Дооел увоз-извоз Струга, Новател-плус Дооел Прилеп, Друштво за радиодифузија Ди-Џеј Славе Дооел Струга.

СРД ја усвои информацијата во врска со поведени претходни постапки за испитување на условите за отворање на стечајни постапки и отворени стечајни постапки/предлози за отворање стечајни постапки над радиодифузери, јавни радиодифузни претпријатија и оператори на јавни комуникациски мрежи.

СРД ја усвои Анализата за структурата на вработените во радиодифузната индустрија во 2011 година со препорака идната година во истата анализа да бидат понудени попрецизни информации во врска со хонорарно вработените новинари и останати соработници.



Accessibility

Accessibility