Хроника од 40-та седница

Скопје 24.10.2024г. – Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, Советот на Агенцијата на 40та седница донесе заклучоци да изрече три мерки за јавна опомена на:

  • ДРИМ САТ ИПТВ ДООЕЛ од  с.Чегране-Гостивар поради реемитување на програмскиот сервис „Hit Mix Music“, кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.
  • НАФИ И БЕКО ДООЕЛ од Гостивар поради реемитување на програмскиот сервис „ТВ Канал 5“ кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.
  • МТЕЛ ДООЕЛ од Скопје поради реемитување на програмските сервиси „Телма“, „Алфа ТВ“, „Канал 5“, „Алсат М“, „Компани 21“, „24 Вести“, „News Max Balkans“, „Diva“, „Nickelodeon“, „Nickelodeon Junior“, „RTL“, „RTL II“ и „RTL Croatia“ кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.


Accessibility

Accessibility