СКОПЈЕ, 01.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница го разгледа и прифати извештајот на планираната промена на сопственичката структура на ТРД Канал 5. Со оглед на тоа што со предвидената промена во сопственичката структура не се создава недозволена медиумска концентрација, СРД ја прифати информацијата за издавање одобрение за промена на сопственичката структура на ТРД Канал 5.
Врз основа на членот 63 од Законот за радиодифузната дејност, а согласно со членот 64, односно поради настанување околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата за вршење радиодифузна дејност, односно неусогласеноста на работењето со членот 11 и во врска со членот 18 од ЗРД, СРД одлучи да иницира постапка за одземање на дозволата на следните радиодифузери:
– Радио Канал 77 Дооел Штип и
– Гаудеамус Радио Класик ФМ Мартин.