Хроника од 42-та седница

Скопје 18.11.2024г. – Советот на Агенцијата на 42та седница донесе Заклучок да поведе прекршочна постапка против операторот ТОТАЛ ТВ Скопје поради тоа што операторот продолжил со вршење на истата повреда на Законот за која е опоменат, односно реемитува програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот изрече 8 мерки јавна опомена и тоа:

  • ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт – импорт Сарај Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на член 22 став 2 од Правилникот за заштита на малолетните лица, за неозначени промотивни најави за играни серијал со сигнализацијата за заштита на малолетните лица.
  • ТРД Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица, за емитување најави и епизоди од повеќе играни серијали со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+)
  • РТД ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица, за емитување на премиерни и репризни епизоди/изданија на ТВ-емисии, со неправилна примена на сигнализацијата за програма од втора категорија (8+)
  • ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица, за емитување премиерни и репризирани епизоди со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+) и за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ односно необезбедување превод на албански или на македонски јазик.
  • ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица затоа што на 5 септември 2024 година, најави и епизоди со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+) и прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ за неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, го емитуваше во периодот од 7,00 до 19,00 часот.
  • Друштвото за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО увоз-извоз Скопје за прекршување на член 141 од ЗААВМУ. Со надзорот беше констатирано дека Друштвото за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО увоз-извоз Скопје, реемитувал програмски сервиси  кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одобри ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, каде планираните расходи остануваат на претходно утврденото ниво.

На оваа седница, Советот ги усвои и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување на траењето на годишниот одмор на вработените во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Советот одобри и финансиски средства за обновување на два кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија и даде одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка на услуга: печатарски услуги.

 



Accessibility

Accessibility