СКОПЈЕ, 05.10.2012 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) го разгледа барањето на ТРД Радио Канал 77 од Штип за промена на сопственичката структура. Откако беше констатирано дека радиодифузерот доставил целосна и комплетна документација и дека со предвидената промена нема да се прекрши членот 11 од Законот за радиодифузната дејност и дека нема да се создаде недозволена медиумска концентрација, СРД ја одобри планираната промена во сопственичката структура на ТРД Радио Канал 77. Со ова е запрена и постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на овој радиодифузер.
Во однос на информацијата за самостојно извршена промена на сопственичката структура на ТРД Хит Радио Дооел од Струмица, СРД му наложи на овој радиодифузер во рок од осум дена од приемот на дописот да ги достави потребните изјави, а во меѓувреме да ја врати во претходната состојба извршената промена во Централниот регистар.