Хроника од 44-та седница

Скопје, 05.12.2024 – Советот на Агенцијата донесе Одлука со која даде согласност за промена и дополнување на повеќе од 20% од Програмскиот концепт на дозволата за телевизиско емитување на ТВ „КОХА“ Меваип ДООЕЛ Тетово. Според Одлуката, покрај емитувањето програма на албански јазик, радиодифузерот ќе емитува програма и на турски јазик.

Поради непочитување на одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот изрече три мерки јавна опомена и тоа:

  • ТРД ТВ ЕДО ДООЕЛ с.Љубин, Сарај за прекршување на член 92 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), за неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.
  • ТРД КТВ ДООЕЛ Кавадарци за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ, бидејќи во неколку програмски содржини биле емитувани делови од говорот на странски јазици (хрватски, англиски или српски), без притоа да бидат преведени на македонски јазик.
  • ТРД ТВ-СТАР ДОО Штип за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица, затоа што емитувала програма со неправилна примена на предупредувачката сигнализација за програмата од втора категорија (8+).

Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрување за носење одлуки за набавка на стока – телефонска централа и фиксен телефон, како и набавка на новогодишни честитки.



Accessibility

Accessibility