Хроника од 45-та седница

Скопје, 12.12.2024г.  – Советот на Агенцијата го усвои Нацрт-правилникот за регистрирање даватели на услуги платформи за споделување видеа. Документот ќе биде објавен на веб-страницата на Агенцијата за јавна расправа во траење од 30 дена.

Покренати постапки за одземање дозволи

  1. ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово – поради неплатен годишен надоместок за дозволата за емитување, покрената е постапка за одземање на дозволата. Радиодифузерот има рок од 15 дена да ја подмири обврската.
  2. ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица – поради непочитување на законските и подзаконските обврски, покрената е постапка за одземање на дозволата. Радиодифузерот има рок од 15 дена да достави потребна документација за потврда на исполнување на условите.

Советот донесе Решение за бришење на ТРД Б-97 ДООЕЛ Битола од регистарот на радиодифузери. Решението ќе биде објавено во „Службен весник“ и на веб-страницата на Агенцијата.

Одлуките ќе бидат јавно достапни на https://avmu.mk/category/sednici-ct/odluki-akti-od-sednici/2024-odluki-akti/



Accessibility

Accessibility