Хроника од 45-та седница

Скопје, 13.09.2013 – Советот за Радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност за терестеријално емитување, по доставена пресметка на 29-ти август 2013-та година. ТРД Радио Равел ДООЕЛ од Скопје во предвидениот рок ја исполни својата законска обврска за плаќање на надоместокот за дозволата.

 СРД го разгледа Барањето на ТВ БТР Национал Зоран ДООЕЛ Скопје за повлекување, односно откажување од барањето за поведување прекршочна постапка за сторени прекршоци за време на Локалните избори 2013 и го заклучи следново:

 –           во однос на прекршувањето –емитување политичко рекламирање во дебатна емисија, Советот нема да вложи жалба на првостепената Пресуда во однос на висината на изречените глоби, бидејќи Судот ценејќи ги сите релевантни факти, изрекол глоби во минимални износи;

–          во однос на прекршувањето – надминување на дозволените лимити за платено политичко рекламирање, за кое до Советот не е доставена Пресуда, Советот за радиодифузија зазема став дека не може да излезе во пресрет на наведеното Барање.



Accessibility

Accessibility