Хроника од 48-та седница

СКОПЈЕ, 30.09.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ТВ Алфа, ТВ Алсат – М и ТВ Сонце емитувани на 1 септември 2013 година, и на ТВ Наша емитувана на 3 септември 2013 година, и заклучи да постапи на следниов начин:

–          на Телевизија Алфа и изрече укажување заемитувани програми на странски јазици непреведени на македонски јазик;

–          на Телевизија Алсат – М и изрече две укажувања : едното за непочитување на правилата за заштита на малолетните лица, односно необележување на промотивните најави за играната програма со визуелен знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува; второто за неисполнување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на албански јазик;

–          на Телевизија Сонце и изрече укажување за емитување прикриено рекламирање и изложување производи чие име или марка се видливо истакнати;

На програмскиот сервис на Телевизија Наша не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.

СРД ја усвои Информацијата по претставка на група пратеници од Собранието на РМ за „новиот спот од кампањата на Владата на Република Македонија против абортусот“ и заклучи радиодифузерите во согласност со член 71 од Законот, времето на емитување на рекламниот спот да го прилагодат на очекуваниот состав на публиката, што значи:

– во оваа форма, рекламниот спот да го категоризираат како програма од петта категорија и да го емитуваат во периодот од 00:00 до 05:00 часот;

– за да се емитува во други термини од деноноќието, рекламата не треба прекинувањето на бременост во здравствена установа да го идентификува како убиство.

СРД ја усвои Информацијата во врска со доставеното Барање од 24.09.2013 година (бр.07-390), за повлекување на барањето за престанување на дозволата за вршење радиодифузнадејност од страна на Трговското радиодифузно друштво „РАДИО-МЕРЛИН”, Фатмир, ДООЕЛДебар и заклучи дозволата на наведениот радиодифузер да остане во важност.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИАEНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп, Потврда бр.49 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: GINX.

 – на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО ул.Маршал Тито бб Гевгелија,Потврда бр.4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Face TV.

 



Accessibility

Accessibility