Скопје, 3.5.2026 – Советот на АВМУ на петтата седница донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Радиодифузното трговско друштво ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ ДООЕЛ Прилеп, поради неисполнување на минималните кадровски услови утврдени со Правилникот и поради престанок на емитување на програмскиот сервис подолг од 30 дена.
Усвоен е Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работни места во Агенцијата, кој стапува во сила со денот на неговото донесување.
Исто така, Советот даде одобрување за спроведување постапки за јавни набавки за услуги од приватна агенција за вработување, ревизорски услуги и финансиско-осигурителни услуги. Постапките се предвидени со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, а средствата за нивна реализација се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.