Хроника од 5-та седница

СКОПЈЕ, 29.01.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси: ЈП Македонска Радио- Телевизија Скопје, Македонско радио – Прв програмски сервис, ЈП Македонска Радио- Телевизија Скопје, Македонско радио – Трет програмски сервис, Рос Метрополис Радио Скопје, Радио Антена 5 Скопје, Радио Слободна Македонија Скопје,Радио Канал 77 Штип, емитувани на 10 јануари 2014година и ЈП Макeдонска Радио- Телевизија Скопје, Македонска телевизија – (МРТ1), ЈП Македонска Радио- Телевизија Скопје, Македонска телевизија – (МРТ2), ТВ Алфа Скопје, ТВ Макпетрол Скопје, ТВ Алсат–М Скопје, Канал 5 Скопје и Телевизија Сител Скопје, емитувани во периодот од 13 до 19 јануари 2014 година.

Агенцијата одлучи да постапи на следниов начин:

-на Рос Метрополис Радио Скопје му изрече мерка- опомена за неисполнување на обврската за емитување најмалку 40% вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик.

-на ЈП Македонска Радио – Телевизија Скопје, Македонска телевизија – (МРТ1) и на ЈП Македонска Радио- Телевизија Скопје, Македонска телевизија – (МРТ2) им изрече мерка – опомена за непочитување на обврската за процентуална распределба на емитуваната музика.

-на ТВ Алфа Скопје, ТВ Телма Скопје, ТВ Алсат–М Скопје, ТВ Канал 5 Скопје и ТВ Сител Скопје им изрече опомена и тоа: на ТВ Алфа за непочитување на обврската да емитува најмалку 8 часа во текот на неделата вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик и обврската за процентуална распределба на емитуваната музика, на ТВ Телма и ТВ Канал 5 за непочитување на обврската да емитува најмалку 8 часа во текот на неделата вокална и/или вокално-инструментална музика на македонски јазик, обврската за процентуална распределба на емитуваната музика и за периодот на нејзино емитување, на ТВ Алсат – М за непочитување на обврската за процентуална распределба на емитуваната музика, а на ТВ Сител за непочитување на обврската за процентуална распределба на емитуваната музика и на обврската половина од музиката да ја емитува во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

-кај ЈП Македонска Радио – Телевизија Скопје, Македонско радио – Прв програмски сервис, на ЈП Македонска Радио- Телевизија Скопје, Македонско радио – Трет програмски сервис, на Радио Антена 5 Скопје, Радио Слободна Македонија Скопје и на Радио КАНАЛ 77 Штип не се констатирани прекршувања на законските обврски за емитување вокална и/или вокално-инструментална музика.

Агенцијата ја усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија во 2014 година (програма за планирани активности).

Агенцијата ја усвои Анализата на надзорот врз обврските на јавните комуникациски мрежи и другите активности на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права во четвртиот квартал на 2013 година.

Агенцијата ја усвои Анализата на надзорот врз обврските на радиодифузерите идругите активности на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права во второто полугодие на 2013 година.

Агенцијата го усвои Извештајот за одржани состаноци на Советот за радиодифузија со оператори на јавни комуникациски мрежи во второто полугодие на 2013 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ Штип,Подружници Телекабел – дигитален пакет за градовите Скопје,Велес, Штип, Битола, Свeти Николе, Струмица, Кочани, Неготино,Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 26 со која регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски: Duga TV, BN TV Sat, BN Music, Slovenia 1, Arte TV, BNT 1, BNT World, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, TV 1000 Balkan и TV Monde 5.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа ДТУ КОМБО 2003 ДОО ул.ТанеГеоргиевски ББ, Куманово, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски: Aljazeera, Face TV, BN TV sat, BN Music, RTK, Planeta, Balkanika и Fen TV.

Агенцијата го усвои Барањето на Радио Слободна Македонија и заклучи да му даде поддршка како носител на активностите за одбележување на Светскиот ден на радиото – 13 февруари и за тоа да ги извести сите радија (национални, регионални и локални).



Accessibility

Accessibility