Хроника од 50-та седница

СКОПЈЕ, 16.10.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на ЈП МРТ, Првиот програмски сервис на Македонската телевизија (MРT1) и Вториот програмски сервис на Македонската телевизија (MРT2), емитувани на 1 октомври 2013 година и заклучи на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија (MРT1) да му изрече писмена опомена поради рекламирање во периодот од 17.00 до 21.00 часот;

Кај Вториот програмски сервис на Македонската телевизија (MРT2), не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.

СРД ја усвои Информацијата за непочитување на договорните односи од страна на трговските радиодифузни друштва кои произлегле од Договорот за дигитално емитување на програмските сервиси со операторот на дигитален терестријален мултиплекс “ОНЕ” Телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје и заклучи да одржи состанок со радиодифузерите наведени во Информацијата со цел да не дојде до несакани ситуации на прекин на дигиталното емитување на одредени програмски сервиси поради непочитување на превземените обврски, односно до одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на еден радиодифузер поради неемитување најмалку 8 часа дневно програма на телевизија.

СРД ја усвои Анализата на структурата на вработените во радиодифузната индустрија според етничка припадност во 2012 година.

СРД усвои три квартални Aнализи на надзорот врз обврските на јавните комуникациски мрежи и другите активности на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права (за првиот, вториот и третиот квартал на 2013 година) и Анализа на надзорот врз обврските на радиодифузерите и другите активности на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права во првото полугодие на 2013 година.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 50 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Balkanika HD и Fen TV HD.

– на ДИГИ ПЛУСМУЛТИМЕДИА бул. Партизански одреди бр.70/5 1000 Скопје, Потврда бр. 12 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Sport Klub Prime.

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип, Прилеп ул. 3-та Македонска Бригада бб, Потврда бр. 51 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис: Орландо Кидс.

– на ТРД – Oператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид ул.Богомилска Б1 Охрид, Потврда бр. 10 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алсат М, Алфа, Наша ТВ, Канал 5, MTV Adria, MTV Networks, Fox Life, Fox Movies, National Geographic, Travel, Discover, Animal Planet и TLC.



Accessibility

Accessibility