Хроника од 51-та седница

СКОПЈЕ, 24.10.2013– Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за валидни и невалидни договори за реемитување на телевизиските програмски сервиси на Eurosport SAS (Eurosport, Eurosport 2 и Eurosportnews).Со проверката во документацијата за издадени потврди за регистрација на пакети програмски сервиси констатирано е дека ниту еден од операторите на јавни комуникациски мрежи, кои не се споменати во листата на оператори со валидни договори не ги реемитува каналите на Eurosport SAS (Eurosport, Eurosport 2 и Eurosportnews).

Имајќи ја предвид информацијата од ТРД TВ Ускана – Кичево дека операторите на јавна комуникациска мрежа на подрачјето на градовите Битола и Прилеп не го реемитуваат програмскиот сервис на овој радиодифузер, СРД заклучи на споменатите оператори на јавна комуникациска мрежа да им препорача да го во вклучат во својата понуда програмскиот сервис на ТВ Ускана,.

СРД ја усвои Информацијата од мониторингот на Трговското радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје, направен врз основа на претставка и заклучи да му укаже на медиумот дека серијата „Судбината на Фатмаѓул“ пред и за време на емитувањето треба да биде означена како програма од трета категорија која не се препорачува за деца под 12 години, како и тоа дека, и премиерно и репризно серијата може да се емитува само во периодот меѓу 21 и 05 часот.

СРД ја усвои Информацијата во врска со претставката доставена до Советот за радиодифузија од страна на ТВ Телма и го заклучи следново:

 –  Советот за радиодифузија веднаш да достави налог до операторот на јавна комуникациска мрежа ТРД Кабел-Нет Прилеп, со кој ќе го запознае со претставката, со укажување на законската дефиниција на поимот реемитување, и ќе му се наложи веднаш по приемот на дописот да обезбеди нормално реемитување на телевизискиот програмски сервис на Телевизија Телма.

–  На операторот да му се напомене дека во случај на непостапување по овој налог ќе следуваат законски мерки за санкционирање на ваквото негово постапување и дека Советот за радиодифузија ќе го мониторира почитувањето на издадениот налог, односно реемитувањето на телевизискиот програмски сервис на Телевизија Телма преку овој оператор.

 Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД Мултимедија Нетворк Л, ДООЕЛ Гостивар, Потврда бр. 16 со која што дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Sport Klub, Sport Klub plus, Sport Klub Prime, Golf Klub, Fishing&Hunting, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania и Karadeniz.

 -на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО ул.Маршал Гевгелија, Потврда бр. 5 со која што дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Rai Uno, Rai Due, Rai Tre, TVE – i, France 2, France 3, France 4, France 5, BNT 1, BNT World, Sport Klub, Sport Klub plus, Sport Klub Prime, Golf Klub, Fishing&Hunting, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania.

 – на ТРД – оператор на кабелска мрежа ДТУ КОМБО 2003 ДОО Куманово, Потврда бр. 3, со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: МРТВ ХД, Канал 5, Наша ТВ, Алфа ТВ, Алсат М, Телма, Сител 2 (регонално), AB Motors, Chasse & Peche, AXN, Sport Klub, Sport Klub plus, SK Prime, Golf Klub, Fishing&Hunting, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania, Russia Today, Russia Today Doc HD, Russia Today Doc, Russia Today HD, Svet Plus, Palma TV, TV Soko, Planeta, Universal Sci Fi, Studio B и Rodina TV.

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Велес, Потврда бр. 22 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Коперникус и Свет Плус.

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Потврда бр. 23 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Коперникус, Свет Плус и Визион Плус.

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Штип, Потврда бр. 19 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Коперникус и Свет Плус.

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Куманово, Потврда бр. 21 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следнит телевизиски програмски сервис:Коперникус

 – на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Прилеп, Потврда бр. 23 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Коперникус и Свет Плус.

– на Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Тетово, Потврда бр. 21 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следнит телевизиски програмски сервис:Коперникус.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Аналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани,Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 3 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ и Наша ТВ.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 19 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ и ТВ Свет(локално Св.Николе).

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 21 со која што програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ и Алсат М.

– на ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 18 со која што Регистрираниот дигитален програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ и Алсат М.

– на TРД – оператор на кабелска мрежа ГЛОБАЛ НЕТ КТВ Крушево , Потврда бр. 3 со која што Регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Алсат М, Канал Визија (регоионално), HRT 3, Klasik TV, Happy TV, Svet Plus, KCN 3 и VH1.



Accessibility

Accessibility