СКОПЈЕ, 19.11.2012- На денешната седница, Советот за радиодифузија заклучи на Друштвото за телекомуникациски услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје да му издаде Потврда за регистриран програмски пакет бр.7, со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис History.
Со оглед на тоа што ТРД Радио Фокус ДООЕЛ Тетово, ДРД Еко Радио ДООЕЛ Пробиштип и ТРД Радио Валандово ДОО Валандово, заклучно со 15 ноември 2012 година во целост го платија надоместокот, Советот заклучи да ја запре иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.