СКОПЈЕ, 18.11.2013– Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси Радио Клуб ФМ Скопје емитуван на 30 октомври 2013г., ТВ Менада-Тетово емитуван на 27 август 2013г., ТВ Ускана Кичево емитуван на 26 септември 2013г., ТВ Сител Скопје емитуван на 21 октомври 2013г и Наша ТВ Скопје емитувана на 3 ноември 2013 година.
Советот за радиодифузија одлучи да постапи на следниов начин:
– на Радио Клуб ФМ Скопје му изрече 2 (две) мерки времена забрана за рекламирање од еден ден – едната за неисполнување на законската обврска за емитување најмалку 30% вокално-инструментална музика на македонски јазик, втората за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства и писмена опoмена за непочитување на обврската спонзорот на програмата да биде јасно идентификуван, на погоден начин, односно да биде јасно нагласено дека се работи за спонзорирана програма. На програмата на овој радиодифузер ќе се направи контролен мониторинг, а во меѓувреме претставници од радиото ќе бидат повикани на состанок со цел да не се повторуваат прекршувањата;
– на ТВ УсканаКичево и изрече писмена опомена за надминување на лимитот за рекламирање на еден реален час;
– на ТВ Сител Скопје и изрече писмена опомена за непочитување на правилата за заштита на малолетните лица, односно необележување на промотивните најави за играната програма со визуелен знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува;.
– на Наша ТВ Скопје и изрече писмена опомена за непочитување на обврската рекламирањето во телевизиските програми треба да се вметне на начин со кој нема да се загрозат интегритетот и вредноста на програмата, како и правата на авторите и на другите носители на права.
На програмата на ТВ Менада-Тетово не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти. И на програмата на ТВ Менада ќе се направи контролен мониторинг, со тоа што снимка ќе биде обезбедена со сопствени ресури на Советот за радиодифузија.
СРД ја усвои Информацијата за констатирана недозволена медиумска концентрација кај ТРД МУЗИЧКО РАДИО КМР Љубиша и Бобан ДОО Куманово и одлучи на наведениот радиодифузер да му наложи во рок не подолг од три месеца од денот на утврдувањето на постоење недозволена медиумска концентрација, да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за радиодифузната дејност.
Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на Друштво за производство, трговија и услуги ТЕЛЕНЕТ КОМ ДОО Тетово Потврда бр. 6со која регистрираниот дигитален програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: 24 Kitchen, FOX Movies, FREE-X TV, French Lover, TV Balkanika, FEN TV, PEACE TV, Kanal 7, RTVCG (Radiotelevizija Crna Gora), MTV Music, VH1 Classic, MTV Hits, MTV Rocks, MTV Dance, MTV Live HD, Nickelodeon, Nickelodeon Jr, Comedy Central Extra, TV Planeta, HRT 3, HRT 1, ZDF, RTL, TRT International, PRO 7, RTK – Radio (Televizija Kosovo), Eurosport 1, Eurosport 2, ATV, KANAL D, STAR TV, Top Channel HD, Klan HD, Snews HD, Film Nje HD, Film Dy HD, Plus HD, Film Hits, Film Drame, Film Autor, First TV, X3, X4, Super Sport 5 HD, Sport Klub, Sport Klub +, Sport Klub Prime, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania и Karadeniz TV.
– на Друштво за производство, трговија и услуги ТЕЛЕНЕТ КОМ ДОО Тетово Потврда бр. 14со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: 24 Kitchen, FOX Movies, FREE-X TV, French Lover, TV Balkanika, FEN TV, PEACE TV, Kanal 7, RTVCG (Radiotelevizija Crna Gora), MTV Music, VH1 Classic, MTV Hits, MTV Rocks, MTV Dance, MTV Live HD, Nickelodeon, Nickelodeon Jr, Comedy Central Extra, TV Planeta, HRT 3, HRT 1, ZDF, RTL, TRT International, PRO 7, RTK – (Radio Televizija Kosovo), Eurosport 1, Eurosport 2, ATV, KANAL D, STAR TV, Top Channel HD, Klan HD, Snews HD, Film Nje HD, Film Dy HD, Plus HD, Film Hits, Film Drame, Film Autor, First TV, X3, X4, Super Sport 5 HD, Sport Klub, Sport Klub +, Sport Klub Prime, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania и Karadeniz TV.
-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РИ ГО КАБЕЛ САТ Скопје Потврда бр. 6со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Sport Klub, Sport Klub +, SK Prime, Fashing & Hunting, Golf Klub, Cinemania, Ultra, Mini Ultra иIQS Life.
Во врска со прекинот на реемитување на програмскиот сервис на ТВ Алсат –М, СРД заклучи да се обрати до операторот на јавна комуникациска мрежа Телекабел и да му препорача, во рамките на своите можности да овозможи реемитување на ТВ Алсат – М.