СКОПЈЕ, 08.12.2012. На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) ги усвои Финансискиот план за 2013 година и Годишниот план за јавни набавки во 2013 година.
СРД заклучи на ТРД оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип да му ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
– Потврда бр.9 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Кавадарци;
– Потврда бр. 14 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Кочани;
– Потврда бр. 17 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Велес;
– Потврда бр. 17 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Струмица;
– Потврда бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Скопје;
– Потврда бр. 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Свети Николе;
– Потврда бр. 19 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Битола;
– Потврда бр. 21 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT3 и ERT World, за подрачјето на Штип.
СРД донесе одлука да се спроведат 4 (четири) постапки за доделување на договор за јавни набавки и го усвои Извештајот од промоцијата на Извештајот за состојбата на лицата со хендикеп во Република Македонија „Хендикеп – слагалка што недостасува“.